(Видео) Овој ли треба да ни биде премиер?! “Ќе те влечеме по улици во првиот момент кога ќе станам премиер”: Арсовска откри како ѝ се заканувал Мицкоски!

t

Ако бев добар градоначалник до септември зошто сега не сум? Кажав каде треба да се бара оставката, да се бара од оние личности кои во континуитет манипулираат, кој се претставува како нешто што не е.

Доколку мислеле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, на нив им е јасно дека нема. Мицкоски излезе на еден од медиумите да каже дека нема да бара оставка од мене, туку дека не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден?

Тоа јас го сметам за отворена закана, граѓаните треба да го осудат истото, истакна во денешното гостување во Само вистина градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

– Тие се истите закани кои доаѓаат од еден ист центар, истите што ги имаше и Ирена Витина, советникот од ВМРО-ДПМНЕ кој беше насилно претепан, останати личности кои не се согласуваат со нивните политики, а јас сум имала закани од Мицкоски и тоа конкретно.

Лично и директно со зборовите “”Доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа. Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе…” Не жена, на никој сметам дека не треба да му се врши ваков притисок, а на вакви лица не треба да им се дозволи да имаат функции, не заслужуваат едноставно, истакна Арсовска.

Не сум ги кажала еднаш овие наводи, повеќепати сум ги кажала, не знам што треба да се случи за некој да преземе нешто во оваа држава, сакаме да зборуваме за систем, за борба против корупција, влијание… Што е ова ако не е влијание?!

Доколку сметале дека како човек треба да прифатам такво нешто требало да го кажат тоа пред изборите, јас не би прифатила такви луѓе да ме поддржат, ако сакал Мицкоски да биде градоначалник требало да излезе пред граѓаните, додава Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…