(Видео) Салиу до Мицкоски: Толку ли сте искомплексиран од Груевски?!

t

Новинарот Фуркан Салиу денеска на прес-конференција му постави неколку незгодни прашања на Христијан Мицкоски кој, како и секогаш не даде јасен одговор на ниедно од нив.

Салиу праша како тоа еден ден Мицкоски се бори против криминалот, а другиот ден се фотографира со “осуден криминалец”.

– Толку ли сте искомплексиран од Груевски што ако тој напише еден статус на Фејсбук дека не го браните поранешното раководство, вие сите ќе ги викнете на состанок? Слушавме за Јанкуловска дека сака за уши да ги вади Ромите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за Мартин Нешковски дека е обичен наркоман, зошто се среќавате со неа? – праша Салиу кој на Фејсбук сподели видео од прес-конференцијата и напиша:

Можеби #Мицкоски не сфаќа колку презир, и колку гнев има кај народот после тоа што го слушавме од #Јанкулоска. Можеби тоа е така затоа што и самиот тој беше дел од тој режим.

Што е следно? Средба со #Груевски во неговата канцеларија? Средба со #Мијалков?

Се прашувам зошто не објавуваше слики од средбите со Орце #Камчев и #Кичеец?

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…