(Видео) Cyдири мeѓy дeмoнcтрaнтитe и пoлициjaтa вo цeнтaрoт нa Aлмa Aтa: 3aпaлeни aвтoмoбили и фрлeни шok бoмби

t

Во казахстанскиот град Алма-Ата започнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата запре неколку стотици демонстранти вооружени со палки во близина на центарот на градот.
Меѓутоа, демонстрантите заробија и претепаа неколку полицајци.

Полицијата употреби специјални средства, вклучително и шок бомби.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Казахстан.

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев потпиша указ за воведување вонредна состојба во регионот Алмати. Со уредбата е воведен и полициски час од 23 до 07 часот.

Протестите во Казахстан започнаа во првите денови од новата година. Жителите на градовите Жанаозен и Актау излегоа на митинзи протестирајќи против двојното поскапување на течниот нафтен гас, што Министерството за енергетика го објасни со фактот дека од 1 јануари на електронските берзи почнаа да се формираат цени врз основа на понудата и побарувачката.

Токаев нареди да се формира комисија за проучување на ситуацијата, а на 4 јануари објави дека е подготвена да го исполни главното барање на демонстрантите и да ги намали цените на бензинот. Сепак, протестите се проширија и во другите градови. Вечерта на 4 јануари, демонстрантите се судрија во Алма-Ата со полицијата која употреби гас и шок бомби.
Видеата може да ги погледнете тука. | ТУКА и ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тринаесетгодишник испратил 380 лажни закани за бомби…

Француските агенции за спроведување на законот во…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Во Белград протест на српската опозиција, го…

Стотици демонстранти се упатуваат кон Републичката изборна…

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…