(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Кој сакаше да гради 28 катница, јас или ти и Икец?!
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека лично ќе ги преброи сите згради вцртани за осум и пол години во Карпош и дека бројката нема да ги надмине тие 50 згради планирани да се изградат во Дексион.
Дополнително го прашува Мицкоски кој сакал да гради 28-катница, Јакимовски или Мицкоски со Икацот?
– Видовте ли зошто Христијан Мицкоски ја раскина коалицијата со мене? Не можел да ме поддржува во бетонизацијата на Карпош.
Ај да кажеме не се слагаме во нешто, имаме различни ставови, мислења, а сега да го прашам.
Кој сакаше да гради 28-катница? Јас или ти заедно со “Икацот”?
Значи покрај тоа што сакаше да градиш 28-катница, како бе во Ѓорче Петров носиш план со 50 згради од кои најголем дел се 17-катници? Како Ѓорче може да се бетонзира? Еден објект е за тебе бетонизација, а граѓаните на Карпош немаат потреби.
Јас лично ќе ги следам сите планови што ќе се носат отсега, што ќе се гласаат. Јавно ќе го прозивам затоа што тоа ќе го гласаат неговите советници, јас ќе ги пребтојам сите згради што се вцртани за осум и пол години и тешко дека ќе ги надминеме тие 50 што тие ги вцртуваат во само еден план, вели Јакимовски
ЛИНК од емисијата во живо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…