Владата пак се пишмани, исто како за Ељези: Ревизорката на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, ќе биде разрешена од функцијата
Назначената на местото ревизор на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од функцијата, брифитаат од Влада.
Посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, се вели во информацијата.
Од Влада велат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби.
Одговорност ќе има, порачуваат од Влада.
Ова е вторпат од Влада да се пишманат за нивно кадровско решение, по случајот со Ибрахим Ељези, осуден криминалец кој лежел затвор во Идризово, а беше назнчен па разрешен од должноста в.д заменик директор на затворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…