Објавено на:

Во Италија уапсени албански сопружници и запленета дрога вредна милион евра!

t

Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска брачна двојка и запленила дрога вредна милион евра.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на италијанската полиција, запленети се над 80 килограми дрога, вклучувајќи марихуана, хашиш и кокаин.

„Брачната двојка го привлекла вниманието откако се обиделе да го сменат правецот на движење кога го здогледале контролниот пункт на карабинерите кои вршеле проверки во Мјештре, но автомобилот сепак бил запрен“, јавуваат медиумите.

Дрогата била откриена, дел во автомобилот во кој биле сопружниците, дел во автомобил паркиран во дворот на нивната куќа, во оџакот, а останатата количина во депо на оддалеченост од неколку километри од домот.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…