Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за транспорт и врски
Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за транспорт и врски, на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, по скратена постапка.
Целта на Предлог на законот е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Македонски пошти на Република Северна Македонија согласно потребите кои ќе произлезат од либерализацијата на поштенските услуги.
-Во членот 1 од предлогот на законот се предвидува по членот 41 од законот да се додаде нов член 41а со кој на националниот операторот му се дава можност да продолжи да ја дава универзалната услуга со која ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка. Во членот 2 од предлогот на законот се дополнува членот 80 ставот 1 од законот, односно се предвидува прекршок за правното лице – давател на поштенските услуги доколку не постапува согласно членот 41а од предлогот на законот. Во членот 3 од предлогот на законот се врши усогласување на прекршочните одредби во членот 83 став 1 од законот. Во членот 4 од предлогот на законот се дава рок, можноста националниот оператор да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година, се наведува во образложението на Предлог законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…