Гаши потврди дека бил во Косово: Процедурите барале да биде со службено возило и неговото обезбедување да оди по невеста
Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти:
Интегрален текст од соопштението од демантот на Кабинетот на Африм Гаши:
Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата. Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Словачките лекари му забранија на Фицо да…
Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…
Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…
Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…
Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…