ГРОМ: Мицкоски да му одговори на македонскиот народ колку пати комисијата се состана и кои се наводните интервенции во францускиот предлог
Партијата ГРОМ уште еднаш го повикува Мицкоски да му објасни на македонскиот народ колку пари работната група за францускиот предлог се состана и кои се наводните интревенции во текстот доколку ги има.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на ГРОМ во целост.
– “Од самиот почеток ГРОМ беше скептик во врска со таканаречениот француски предлог.
ГРОМ беше запрепастен од сознанието дека дел од опозицијата е влезена во оваа шема да асистира во изигрувањето на македонскиот народ.
Кооперативноста на Мицкоски со меѓународниот фактор се виде со формирањето на таканаречената работна група во собранието за наводното подобрување на текстот.
ГРОМ уште еднаш го повикува Мицкоски да му одговори на македонскиот народ колку пати работната група се состана и кои се наводните интервенции во текстот?
Ставовите на СДСМ се јасни! Тие беа за референдум за промена на името, за прифаќање на бугарските услови и за започнување на преговорите со Европската Унија по секоја цена.
Но, на македонците не им се јасни ставовите на Мицкоски и уште еднаш го прашуваме дали дувачкиот перформанс во парламентот е дел од сценариото за преведување на македонскиот народ „жедни преку вода“.
ГРОМ уште еднаш бара и упатува апел до пратениците да го спречат изгласувањето на бугарско-францускиот предлог со сите расположливи средства.”, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
