Данска, Франција и Германија испраќаат борбени авиони за одбрана на Полска
НАТО сојузниците најавија распоредување дополнителни трупи и борбени авиони на источниот крилo на алијансата, откако повеќе од десетина дронови влегоа во полскиот воздушен простор во средата, објави Би-би-си.
Данска, Франција и Германија веќе се приклучија на новата мисија за поддршка на Полска, а се очекува и други членки на НАТО да се вклучат. Данска ќе испрати два борбени авиона Ф-16 и воен брод, Франција три авиони „Рафал“, а Германија четири „Еурофајтер“. Британија, пак, соопшти дека е „целосно посветена“ на засилување на операцијата „Eastern Sentry“ и дека наскоро ќе даде повеќе детали.
САД и европските сојузници ја поддржија Полска на итната седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Москва, пак, тврди дека дроновите не можеле да стигнат до Полска поради нивниот ограничен дострел, обвинувајќи ги европските сојузници на Украина дека ја поттикнуваат кризата.
Истовремено, Русија и Белорусија започнаа редовни заеднички воени вежби, кои ги одржуваат на секои четири години, а дел од нив се одвиваат во близина на границата со Полска и Литванија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…
Најмалку две лица загинаа, а десет други…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…