Двајца мажи нападнале полициски службеник во Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, двајцата осомничени 32-годишници, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив и со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници.
-Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје. Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата. Имајќи ја предвид дрскоста со која бил извршен нападот во полициска станица, околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…