Директорот на Мицкоски заработи втора кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување!

t

Еден од омилените диркетори на Мицкоски повторно заработи кривична пријава, овојпат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова е втора кривична пријава за Пеце Милевски.

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата”.      

Пријавениот, директор на ЈКП Водовод Битола, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што потребата од пополнување на систематизираните работни места  не ја обезбедил преку јавен оглас, туку со ангажирање работници преку агенција за привремени вработувања  по основ на зголемен обем на работа на определено време. На тој начин тој постапил спротивно на чл.22 од Законот за работни односи и чл.20-а, 20-б, 20-в, 20-г, 20-д од Законот за вработени во јавен сектор. Имено, во случајот работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања.

Пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно на чл.10 од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во чл. 83 и 84  од Колективниот договор.

Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП Водовод кај м.в „Овчји Баир” како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно чл.4 од Одлука на Владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување. Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот.

Милевски и претходно заработи кривична пријава за истоот дело, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, вработен како директор на ЈКП „Водовод“ – Битола, на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство.

Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 година примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.

Инаку Милевски претходно му се закануваше на советник од Левица.

Советникот Гаврил Трајковски на Фејсбук сподели дека директор на битолско претпријатие му се заканувал по телефон.

-Едно директорче од дпне, омиленото привезоче на Мицко во Битола, ми упати закани по телефон!

Кажете му кога сакаш машки да се пресметаш со некој, тие закани се кажуваат во лице, а не по телефон. Па на крај и да спуштиш и не креваш на телефон како средношколка во пубертет, кога ќе се скара со дечкото!

Го разбирам гневот и лутината и тоа дека здружно со ДУИ ги празните граѓанските каси, ама не ве разбирам како ви иди на телефон да се заканувате, во кое време сме? Кнеле? Аркан? Намалете тоа јужните ветрови!

Со ова само докажа и покажа зошто битолскиот комитет е најслабиот комитет на дпне!

И стварно мислите дека ќе ме заплашите по телефон?

Палјачо – напиша Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…