Објавено на:

Дефанзивецот на Барселона: Фудбалерите треба да плаќаат повисоки данови, да не забораваме од каде дојдовме

t

Дефанзивецот на Барселона, Хектор Белерин изјави дека фудбалерите треба повеќе да се грижат за општеството и да плаќаат повисоки даноци.

– Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци. Потекнувам од семејство каде што требаше да работам од месец во месец за да се издржувам. Сè уште се соочувам со оваа ситуација насекаде. Секој сака да заработи повеќе пари за да се чувствува поудобно. Ова е во ред. Но, со високи примања, треба да гледате не само на вашата околина, туку и на општеството како целина. Фудбалерите се во многу привилегирана позиција. Мора да се потсетиме од каде дојдовме. Треба да бидеме првите што ќе помогнеме за стабилноста на нашето општество, смета Белерин.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер оваа сезона одигра пет натпревари за Барселона и нема постигнато гол.

Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на лето, кога може да стане слободен агент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, неговите роднини и нивните компании добиле…

Американското Министерство за правда наводно ѝ забранило…

РК Вардар откажа, не оди на прославата…

Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана…

Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден…

Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ…

Кривична пријава против седум лица поради „местење“…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција,…

Инцидент во Зеница: Се степаа младите фудбалери…

Контролниот натпревар меѓу младинските селекции до 16…