Една жена почина: Елка висока 20 метри падна врз три лица во Белгија

t

Жена загина откако вчера на божиќниот саем во градот Однаарде во Белгија, на околу 50 километри западно од Брисел, врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија тамошните медиуми.

Градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер изјави дека обилните дождови и силните ветрови го урнале огромното дрво. Елката паднала врз три лица, од кои една жена (63) поради тешките повреди, набргу починала в болница.

Според очевидци, дрвото силно се нишало на ветрот пред да падне долу.

Не е јасно дали огромното, празнично украсено дрво било лошо обезбедено. Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…