Жандармерија ја чува РТВ Војводина од студентите

t

Припадници на полциијата се во зградата на Радио телевизијата Војводина (РТВ) во Нови Сад поради најавен студентски протест, потврдија за агенцијата Бета вработени во медиумот.
На видео снимката доставена до Бета се гледа како полицијата влегува во зградата на јавниот медиумски сервис со опрема за разбивање демонстрации.

Студентите од Нови Сад денеска во 11:52 часот ги повикаа колегите, професорите и граѓаните да се соберат пред зградата на РТВ во тој град.

Студентите изјавија дека на овој начин сакаат да ги поддржат вработените во РТВ кои секој петок излегуваат по 15 минути во спомен на 15-те жртви од трагедијата во Нови Сад и кои бараат разрешување на главниот уредник на Првата програма на РТВ, Ненад Чаќиќ.

Додаваат дека целта им е да им го вратат на граѓаните покраинскиот јавен медиумски сервис.

Три синдикати покренаа петиција за разрешување на Ненад Чаќиќ, бидејќи тој „директно го нарушува јавниот интерес, како и Законот за јавни медиумски услуги, со својата пропагандна и прорежимска уредувачка политика“.

Петицијата ќе биде испратена до Управниот одбор на РТВ, во чија надлежност е, соопштија синдикатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народот што го чува својот јазик и…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека народот кој…

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

„Или тие, или ние“ – Студентски протест…

Во Нови Пазар денеска се одржува голем…

Студентите во Србија најавуваат нови протести

Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…