Објавено на:

Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина

t

Членките на групата Г20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на состанокот во Индија денеска по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот.

Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Еден од нив е планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година.

Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа ни да се договорат за војната во Украина.

Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но надлежните не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба.

Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг на брифингот за печатот по конференцијата изјави дека некои земји сакаат да ги искористат предностите од задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено исфрлање на фосилните горива.

Екстракција и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор.

Но, познато е дека главните производители на фосилни горива – Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…