Знаете ли каде навистина лежи конфликтот помеѓу Мицкоски и Груевски?

t

Два месеци претпоставки, шпекулации и ноторни глупости ја трујат македонската медиумска сцена со несериозни претпоставки, фаќајќи една или друга страна во врска со конфликтот кој Мицкоски го започна против Груевски.

Но, каде навистина лежи основата на конфликтот Груевски-Мицкоски, од што е стравот на Мицкоски, и позициите на Ахмети, Ковачевски и меѓународната заедница во Македонија?

Од интервјуата и статусите на сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ веќе е јасно каде пукна меѓу нив, иако неспорно е дека и претходно повеќе години постоел гнев кај Груевски и желба за негово дистанцирање од Мицкоски.

Краткиот одговор за атакот на Мицкоски врз Груевски е Зоран Заев и неговите интереси и цели.

Подолгиот одговор е содржан во тврдењето на Заев дека „го држи“ Мицкоски во рака – како што пишуваше Геровски во 2022 година, објаснувајќи ја содржината на состанок на највисокото раководство на СДСМ каде поранешниот премиер Зоран Заев реферирал за неговата „соработка“ со Христијан Мицкоски.

За Мицкоски е прифатливо два мандати да биде во коалиција со СДСМ зад која стои Заев, со образложение дека тоа е добро за европската иднина на Македонија, притоа исполнувајќи ги барањата на Зоран Заев:

1. Да нема одговорност за Заев и нему блиските во семејството и партијата за сторените кривични дела;

2. Да се изгласаат измените на Уставот со кој Бугарите ќе влезат во уставот веднаш по изборите. Потоа да се направат и остапки во делот на историската комисија и идентитетот со што Бугарија ќе ја крене рампата за Македонија а со тоа ќе се “кули” подршка за подолго владеење и толеранција од меѓународниот фактор за трупање богаства на двајцата во бизниси со државата.
ДУИ да се елиминира за да не им зема дел од колачот, а и онака и двајцата Заев и Мицкоски чувстуваат дека Али Ахмети има многу поголема почит кон нивните претходници Црвенковски и Груевски отколку кон нив двајца.
За компензација би се привлекле 2-3 помали албански партии кои би се задоволиле со трошки.

3. Груевски по секоја цена да не се врати во земјата како слободен човек бидејќи и двајцата се чувствуваат загрозени од него, и може да им ги расипе плановите; Од овие причини Заев во меѓусебниот договор со Мицкоски како моќен во судството и обвинителството ја има превземено обврската Груевски да биде за се и сешто максимално осуден и без перспектива за негово враќање. Двајцата пак треба да допринесат за нова рунда на негов медиумски линч бидејќи и двајцата имаат влијание во голем број медиуми;

4. Мицкоски целосно и непречено да владее со ВМРО-ДПМНЕ а Заев од позадина со СДСМ преку поставување свој близок на чело на СДСМ и заедно да ги делат бизнисите без никој да ги попречува и речиси без опозиција, односно многу малубројна опозиција во парламентот со не повеќе од 25 пратеника на Левица и ДУИ и така би имале и двотретинско мнозинство за промена на уставот за повеќе работи и за двотретинските закони.

Првичниот договор бил премиерот да го предложи партијата која ќе има повеќе пратеници на тогаш планираните предвремени парламентарни избори што несомнено ќе биде ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски како кандидат, а претседателот да го предложи и сите од коалицијата да го подржат од редовите на партијата со помалку пратеници што имплицира дека се отвора простор Заев и покрај многу нискиот рејтин да стане претседател сега или по пет години со оглед што сега е осуетен планот од страна на порталот Плусинфо кого очигледно го брифирала личност присутна на состанокот во декември во СДСМ а официјално го потврди потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски пред околу една недела. Сепак главното осуетуваее е направено од страна на американската амбасада која договорот за дво мандатна коалиција Заев-Мицкоски го квалификувала како договор базиран на коруптивни мотиви.

Во продолжение еве што објави Бранк Геровски во неговиот „Плусинфо“ на 30 декември 2022 година како потсетување на сите кои ја следат оваа зацртана стратегија на двоецот Заев-Мицкоски од кои и произлегоа и преписките со Груевски, за кого Мицкоски-Заев и нивните помошници Ацо Николовски, Вице Заев, Кочо Анушев и Филипче, се исплашија да не биде вратен во земјата и да не стане сојузник со во оваа стратегија загрозените Ковачевски-Ахмети-Пендаровски, бидејќи тие не гледаат друга личност што би можела да го поремети спроведувањето на тој зацртан план. Тие веруваат дека со гласањето на уставот ќе ги одоброволат САД и ЕУ кои не го подржаа планот и заради што се беше пролонгирано и Ковачевски е сеуште премиер.

Со други зборови ако не беше спротиставувањето на амбасадата на САД планот подолу ќе беше одамна спроведен, Мицкоски ќе беше премиер, измените на уставот изгласани по предвремените избори, Заев ќе се подготвуваше за претседателска трка со познат исход, а бизнисот на двоецот Заев-Мицкоски ќе достигнеше нови височини.

Подолу е линк од текстот објавен на „Плусинфо“ на Бранко Геровски од 30 Декември 2022 година пред нешто повеќе од девет месеци, но и изјавата на Оливер Спасовски кој ја потврди оваа средба.

ЗАЕВ ПОДМОЛНО СЕ ОБИДУВА ДА ГО УРНЕ КОВАЧЕВСКИ Ова се деталите од пеколниот план што Зоќе го претставил на состанок на Бихаќка, но добил корпа и од Таче и од Шеќеринска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…