Исто како кога се менуваше името: За промена на Уставот фалат уште 8 пратеници…
Дали веќе извесниот влез на Алијанса за Албанците во Владата, ќе значи и се поизвесно обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за уставните измени?
Дел од аналитичарите сметаат дека ова е значајно придвижување кон потребната бројката од 80 пратенички гласови, за други пак приклучувањето на партијата на Таравари нема да промени многу, бидејќи и без да бидат дел од Владата тие би ги поддржале уставните измени.
За Божиновски евентуални предвремени избори се се уште во игра, а можна е и одредено раздвижување кај помалите коалициски партии на власта. Муслиу пак не очекува некоја позначајна реакција од партијата на Гаши и смета дека предвремени изборите се веќе затворено прашање.
Доколу Алтернативна на Африм Гаши и по евентуалниот влез на Алијанса останува дел од владејачкото мнозинство, а „огнените’ од ДУИ продолжат со поддршка на Владата, тогаш со 8-мината пратеници на Алијанса за Албанците мнозинството од сегашните 64 би пораснало на 72 пратеници. За изгласување на уставните измени ќе бидат потребни уште 8 народни избраници.
Извор: Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без промени на даноците во 2027 година,…
Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…
Француски војници со месеци во Украина во…
Мали групи француски војници веќе неколку месеци…
НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…
САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…
Американските власти ги повикаа своите граѓани во…
(Видео) Како татко, како брат и сопруг…
Ова мое денешно обраќање требаше да биде…