Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење мигранти
Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење мигранти кои биле обвинети дека добиле седум до 10 илјади евра за да ги префрлат во европските земји, јавија денеска италијанските медиуми.
Нивната криминална организација имала ограноци на Блискиот Исток, Балканот, Источниот Медитеран и Италија, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Меѓу уапсените во градот Кротоне во Калабрија имало и државјани на Ирак, Пакистан и Авганистан.
Тие организирале транспорт на мигранти од Турција во Франција и други европски земји, а во шифрирани пораки бегалците ги нарекувале „овци“ или „гулаби“.
Во рамки на истрагата, претресени се просториите на три трговски објекти во Вентимиља, Рим и Милано, каде се вршеле финансиски операции на синџир криумчари на мигранти кои ја користеле услугата за трансфер на пари Money Transfer.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…