И бугарската полиција на стража пред Гоце?! Бугарија е спремна да испрати полицајци на 4 февруари во Скопје, ако добие барање од македонското МВР
Главниот комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи Станимир Станев вели дека Бугарија може да обезбеди помош во полицајци на чествувањето на Гоце Делчев на 4 февруари ако има такво барање од македонското МВР.
– Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија на 4 февруари, ако добие таков предлог. Северна Македонија е одговорна за настанот, но ние можеме да обезбедиме помош, изјави Станев за БТВ.
Според него, со Македонија се разменуваат информации за движењето на луѓето, што им е потребно на двете земји со цел непречено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари.
– Се надевам дека нема да има провокации, нема да има навреди. Вложуваме максимални напори од страна на бугарските гости да нема провокации, вели Станев и додава дека има драконски мерки, уверување што го добиле од македонската полиција.
Тој уште говореше за истрагата за нападот врз Христијан Пендиков и кажа дека се пренесени сите информации за заканите кон Пендиков додека бил во софиската ВМА.
– Сакаме истрагата да биде целосна и објективна, изјави Станев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…