И Коста Петров се повлекува од СДCM
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров во објава на социјалните мрежи соопшти дека поднесува оставка од функцијата директор, но оставка доставил и до Централниот одбор на СДСМ.
-Уште еднаш огромна благодарност до сите за поддршката! Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување. Бескрајно сум благодарен за научените лекции. Време е за нови предизвици! Се гледаме на врвот!, пишува Петров во дел од објавата.
Тој ги наведува резултатите од својата работа и неговите последни активности како директор на ФИТР.
Според неговата објава, на ниво на портфолио, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75%.
Тој информира и дека ко-финансираните грантови имаат најголем ефект кај македонските стартапи, при што растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е дури 197%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…
По повод оставката на Арбен Фетаи од…
Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот…
Расположението на граѓаните во Германија е на…
Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…
Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…
Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…
Советот на јавните обвинители на денешната седница…
Советот на јавни обвинители утре ќе ја…
Денеска е последниот работен ден на Ленче…