Левица: Истакнато само албанско знаме во Тетово, а ДПМНЕ молчи пред Беса

t

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (Државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, соопшти Левица и нагласува дека е опасен милкот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи!

Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.

Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!

Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава“, се вели во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…