„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола

t

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.

По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на 26 септември на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 19 часот, Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот.

Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно.

Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.

Концертите се организираат со поддршка од Општина Штип и Општина Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…

Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…

Затворски казни за навивачи на Хајдук поради…

Првата судска пресуда поради скандалозните нацистички извици…

Земјотрес со епицентар меѓу Македонски Брод и…

Земјотрес со јачина од 2,5 степени е…

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…