Министерството за здравство им токми пријави на Венко Филипче и на Беким Сали за модуларните амбуланти

t

Министерството за здравство ќе поднесе пријави за Венко Филипче, Беким Сали и фирмата изведувач ќерка на „Брако“, поради пропусти кои што се констатирани со внатрешната ревизија на Министерството, а кои се поврзани со трите модуларни амбуланти што се изградени и предадени и кои веќе се користат во Бутел, Ново Лисиче и Ѓорче Петров, дознава „Слободен печат“ од свои, доброупатени извори, високопозиционирани во министерството.

Правната служба на Министерството веќе добила насоки и бара начин за модусот на кој ќе го изврши пријавувањето. Се мислат дали да поднесат кривична пријава против екс-министрите и изведувачот, или пак, само да достават известување до Обвинителството.

Причината за пријавата е тоа што внатрешната ревизија констатирала пропусти во однос на тоа што бил склучен анекс на првиот оригинален договор, на начин на кој што тоа не би смеело да се прави. Ревизорот открива бројни пропусти и непочитување на Законот за јавни набавки па поради тоа екс-министерот за здравство Беким Сали решил да не ги плаќа амбулантите. Но, тие се во употреба и изведувачот си ги бара парите на суд. Изминативе три дена Сали и Меџити се препукуваат за тоа кој е крив што амбулантите мора да се платат и дали се платени. До сега Министерството нема исплатено ни денар за нив, ама насоки од Вадата да склучи спогодба со фирмата ќерка на „Брако“ добиле уште на 11 јули годинава.

Јасен потврден одговор од Министерството официјално нема, ама „Слободен печат“ овие информации ги доби од неофицијални извори доброупатени со сите процедури и моментални текови во Министерството.

„Се анализира правната можност за покренување постапка околу непостапувањето од страна на Министерството за здравство, по примањето и одобрувањето на модуларните амбуланти за Здравствен Дом Скопје со што се генерирал долг и камата. МЗ останува транспарентно и на располагање на институциите за какви било постапки во кои може да помогне“, велат од МЗ за „Слободен печат“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…