Мицкоски не може да собере ниту третина од луѓето кои го следат Груевски на социјалните мрежи
Христијан Мицкоски не може да собере ни една третина од бројот на луѓе кои го следат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На Телеграм, Мицкоски, чиј профил постои повеќе од една година, има 1.165 членови, додека Груевски, чиј Телеграм канал постои неколку месеци, има 2.779 членови.


На каналот на Мицкоски на Вибер има нешто повеќе од 440 членови, додека каналот на Груевски кој е активен од пред два-три дена има 1.967 членови.


Христијан Мицкоски не може да го стаса Груевски ниту на Фејсбук каде Груевски има двојно повеќе следбеници.
Поранешниот премиер е доста активен на Фејсбук, каде споделува негови ставови за актуелни теми.
Инаку Мицкоски неколку пати го промени неговиот став за промената на Уставот на Република Македонија, од категорично противење за внесување на Бугарите во Уставот, преку невнесување под “овие услови”, до сегашниот, последен хрватски предлог со кој ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта да го сменат Уставот.
Очигледно Мицкоски има проблеми со рејтигот и во партијата и меѓу народот, особено доколку се спореди со рејтингот на Груевски кој, според анкетата направена за потребите на Меѓународниот републикански институт – ИРИ, е најпопуларен политичар во Македонија.
Груевски секојдневно ја критикува работата на актуелната власт на СДСМ, додека Мицкоски практично соработува со неа, што можеби е и причина за ваквиот рејтинг на “лидерот” на најголемата опозициска партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…