Мицкоски присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на Игор Стефановски – Иџе

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе.

Мицкоски преку објава на социјалните мрежи истакна дека му било чест да биде дел од овој посебен момент и да даде поддршка на, како што го нарече, еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам.

„Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум светот“, напиша Мицкоски.

Тој му посака на Стефановски нови успеси во продолжението на неговата богата спортска кариера, со порака: „Напред кон нови успеси, Иџе!“

Игор Стефановски – Иџе е еден од најуспешните македонски автомобилисти, со бројни титули и победи на европски натпревари во автомобилизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…