Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе ги замоли советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите за кои градоначалничката Данела Арсовска тврди дека ги блокираат, но смета дека тоа нема ништо да смени.
– Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците кои доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат програмите, но, не е до програмите, ќе видите веднаш, рече Мицкоски на новинарско прашање.
Посочи дека на 29 август ќе има седница и оти ќе направат се што е до нив, за да, како што рече, не биде дека ВМРО-ДПМНЕ кочи.
Арсовска претходно изјави дека на средбата со Мицкоски за состојбите во главниот град и било кажано дека долгот на Владата од осум милиони евра за бесплатниот студентски превоз што го реализира ЈСП Скопје би се исплатил со ребаланост преку повлекување на средства за изградба на нов булевар во Визбегово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…