Нова спомен-плоча поставена на Карпалак со имињата на 10-те загинати бранители
Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово.
Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.
Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.
При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…
Нова пратка со зеленчук од Македонија е…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
Жена од струшкото село Октиси е пријавена…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…