Османи до Мицкоски: „Kој вас ви дава право да преговарате за мојот европски идентитет?“
Владата нема интерес да го продолжи евроинтегративниот процес на земјата, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Според него, единствениот начин за консензус околу европските интеграции и внатршните состојби е одржување на предвремени парламентарни заедно со локалните избори.
„Доколку има волја за државен консензус, да кажеме каде можело подобро. Нема волја за тој процес. Ние се боревме за европскиот идентитет на оваа држава. Аргументите не држат. Единствено решение се предвремени избори и отворање на тој 4-годишен циклус и седнување и решавање на тешки прашања, рече Османи во емисијата „Топ тема“.
Тој му порача на Мицкоски дека тој не преговарал со никого за македонскиот идентитет, туку за европскиот идентитет на Македонците и Албанците.
„Јас да му возвратам: Kој вас ви дава право да преговарате за мојот европски идентитет? Албанците се прозападно ориентирани. Кој вас ви даде право да не ставите како истурен играч на „Српскиот свет“ без да не прашувате нас? Ако одиме на таква варијанта, мислам дека изјавите од типот на ограничување на легитимитет на министри да зборуваат во име на државата поради етничката припадност е најскандалозната можна изјава што може да се даде. Претераа со создавањето на „монструм“ за омраза кон Албанците, ДУИ и останатите заедници и сега се жртва на тој монструм кој што ги гони“ рече Османи.
Тој нагласи дека премиерот мора да внимава што изјавува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…