Повеќе од 50 повредени во ракетен напад врз Киев

t

Повеќе од 50 лица се повредени во денешниот ракетен напад врз Киев каде се регистрирани серија силни експлозии, а според извештаите на западни медиуми голем број згради се оштетени.

Во вториот руски ракетен напад врз Киев оваа недела оштетени се домови и детска болница, пренесува Ројтерс повикувајќи се на информации од украинските власти.

Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко вели дека од падот на проектили врз неколку станбени згради во областа Днипровски, повредени се најмалку 51 лице, меѓу кои шест деца. Попко, исто така, вели и дека има оштетување на водоводот во областа.

И градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко вели дека од проектили во киевскиот кварт Днипровски оштетени се неколку згради, а има и повредени.

„Осумнаесет од нив, меѓу кои и две деца се хоспитализирани. Жителите на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари предизвикани од паѓање на делови од проектил“,

се вели во пораката на Кличко објавена на Телеграм.

Украинските воздухопловни сили во објава на Телеграм велат дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги собориле сите 10 балистички ракети насочени кон главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Синоќа во болница завршиле двајца вработени на…

Синоќа биле повредени двајца вработени на ЈП…