Објавено на:

Повторно поскапе нафтата

t

Цените на нафтата денес пораснаа за повеќе од два проценти, по нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец, што повторно ги поттикна стравувањата од прекини во снабдувањето со енергија. Референтната нафта „Брент“ се движеше околу 74 долари за барел, а американската сурова нафта „WTI“ околу 70 долари, објави „Trading Economics“.

Најновите инциденти ги зголемија загриженоста на бродските компании и ја доведоа во прашање одржливоста на договорот меѓу САД и Иран, кој има за цел да спречи напади во стратешки важниот морски премин.

Дополнителна неизвесност предизвика изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека конечните мировни преговори нема да бидат можни ако продолжат геополитичките закани. И покрај денешните добивки, цените на нафтата сè уште се движат близу до најниското ниво од крајот на февруари, бидејќи очекувањата за зголемување на глобалната понуда продолжуваат да го ограничуваат повидливото закрепнување на пазарот. Според медиумските извештаи, најмалку осум бродови поврзани со Јапонија го напуштија Ормутскиот теснец на пат кон брегот на Иран, вклучувајќи пет супертанкери способни да превезуваат по два милиони барели сурова нафта.

Во исто време, саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ ја намали официјалната продажна цена на својата сурова нафта „Араб лајт“ за клиентите во Азија за 1,1 долар за барел за следниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…