Политички рецидивизам или за тоа како Мицкоски не врти во круг и зошто нема да ги дочека следните избори како претседател?

t

Политички рецидивизам

(или за тоа како Мицкоски не врти во круг)

„А Исус им одговори и рече:

„Пазете се , да не ве излаже некој;

многу лажни пророци ќе се појават

и ќе прелажат мнозина“ – Мат 24, 4. 11.

И ете бидна „фамозниот“ 4-ти Февруари, „храбрите“ настапи на некои загрижени „патриоти“ во Македонија и Бугарија завршија шекспировски – „Многу врева за ништо“. Сите тие добија по некоја „едукативна“ од нашите пријатели кои, за наша жал, повеќе ја сакаат Македонија отколку што ја сакаат самоповиканите „херои и патриоти“. Слава на Бога се заврши мирно и, впрочем како што треба, достоинствено како што и доликува за одбележување на денот на кој е роден нашиот Апостол Гоце Делчев – македонски револуционер.

Но, на Мицкоски му требаше овој обид за рецидивизам во политичка смисла. Му требаше поради дневно политички цели исклучиво за да преживее внатрепартиски преку етнополитичка мобилизација на дел од членството, сега во одбрана на гробот на Гоце Делчев. Впрочем тоа преживување на Мицкоски стана хроничен проблем на ВМРО-ДПМНЕ, неговиот политички солипзизам „конечно“ успеа да го вгнезди ДПМНЕ во ќорсокак. Мицкоски постојано не враќа во политички рецидивизам користејќи ист архаичен наратив на национализам проткаен со дебели нитки на шовинизами. Го паметам времето кога Љубчо на сличен начин функционираше, а таквите политички постапки на Љубчо во тоа време во партијата ги нарекувавме „вакцинација“. Сега во партија тоа го нарекуваме „добивање бомбончиња“. Доколку направиме споредба, од времето на Љубчо и оваа на Мицкоски, самите синоними имаат големо значење. Се вакцинира некој кој треба да е отпорен, но бомбончиња се даваат на оние што треба да „лижат“. Подобра компарација, за состојбата во некогашното ВМРО-ДПМНЕ и актуелното, здравје. Во тој контекст Мицкоски дури и кога копира нечија идеја не успева тоа да го направи како што треба бидејќи ниту знае ниту пак разбира што е суштина и цел на некоја активност-идеја-акција која сака да ја копира, па така испаѓа смешен, за жал не само тој, туку поради него и целата партија. Колку и да се труди да зборува што е можно потивко и смерно всушност Мицкоски е длабоко вознемирен бидејќи води борба за лично политичко преживување, во кое веќе не веруваат и оние најблиските до него. Затоа се делат бомбони и пуштаат балони колку за занимација на членството.

На конто бомбони и балони јавно би го прашал г-динот Коце Трајановски: „Зошто бе Коце ги доведе триесетината поранешни градоначалници на „состанок“ кај Мицикоски“? За да им даде бомбонче, да се надеваат на избори и тоа предвремени, да им вети државни функции или за да им се оправда Мицикоски дека тој не е виновен за конфликтот со Данела, Инфомакс, Стевче и други? А им реков на дел од градоначалниците дека ги лаже за сѐ, особено за тоа дека ќе има предвремени избори на 21-ви мај 2023 година. Последниот „интелектуален прдеж“ на Мицкоски, даден во Општина Карбинци, блиску до фармата за свињи веројатно за да се пригуши реата од неговите мозочни сочиненија, во која, како алхемичар, успеа да ги спои предвремените со редовните избори ги потврди моите констатации. Така Мицкоски продолжува со, надалеку веќе препознатливата, неговата длабокоумна политичка филозофија „ден да пројде друг да дојде“. Сега ќе ја започне пиесата „Откажување од интерпелација на Влада“ за да си купи уште малку време, па ќе чека редовни избори пролетта 2024 година, убедувајќи не дека тоа и не е така далеку. Дотогаш да сме живи и здрави може сенешто да ни се случи, а во меѓувреме ќе ни го раскажува Нечаевиот „Катехизисот на револуционерот“ практично евалуиран преку „одбрана“ на гробот на Гоце Делчев, по туѓ налог, секако. Фактите се безмилосни ќе ни се случи најлошото сценарио, да ги оставиме овие неспособни и криминални политиканти од СДС на власт и сѐ заради политикантството на Мицкоски и клиентелизмот на „братијата“ околу него кои лижат бомбони и пуштаат балони.

Најважно што треба да ни се случи токму во овој период, до редовните избори некаде за 14 месеци (иако Мицкоски го крати времето надевајќи се на „улога“ во техничка влада), тоа е да се демократизира и ревитализира нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, што е целта на Фракцијата. Повторно ќе кажам дека не сакам ни да помислам на тоа, криминалното и неспособно СДС да добие уште четири години власт, благодарение на неспособниот Мицкоски. Драги мои сопартијци, потоа ќе биде многу доцна да велиме дека Мицкоски е виновен. Има една стара поговорка дека „на будалите отпосле им текнува“, а убеден сум дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се будали иако некој се обидува да не направи.

За да си ја зачува позицијата во партијата Мицкоски игра исклучиво на задоволување на лукративните цели на оние околу него за кои смета дека му се од интерес. На пример, драги мои сопартијци помислете само на Мане Јаковлески. Што кажа за него Љубчо во последното интервју? Дека му го дал Олимписко село да го приватизира при што дури му обезбедил и „поволен“ кредит за да може тоа да го направи. Истиот тој Мане денес е претседател на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и најголем бранител на ликот и неделото на Мицкоски. Само од овие факти се поставуваат безброј прашања на кои сите ние треба да си одговориме. Зошто Јавното обвинителство не реагира на тврдењата на Љубчо дека се давани наши буџетски пари на разни типови за приватни цели? Дали ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ сме будали кои нашите пари ги даваме на ликови кои подоцна повторно во партија не злоупотребуваат за нивни лукративни цели и се така во круг? Кој и по чии налог го избра Мане за претседател на Унија на ветерани? Зошто беше саботиран во работата првиот претседател на Унијата – Попе заедно со целото претседателство?

Не ми е целта во колумната да расправам за Мане Јаковлевски, тој му е важен само на Мицкоски за да може да ги „контролира“ ветераните. Во оваа прилика „благодарение“ на јавно искажаниот збор на Љубчо само укажувам преку еден еклатантен пример, што тоа ни се случува во ВМРО-ДПМНЕ и зошто ние од Фракцијата инсистираме на демократизација и ревитализација на партијата. Сега кој разбира, разбира. Кој не разбира ќе разбере.

Иако, најпрво би требало да разбере Јавното обвинителство и по допрен глас да преземе мерки за разоткривање на криминални дејствија и злоупотреба на службената должност од страна на Љубчо Георгиевски, а потоа и дејствија за откривање на нелегално стекнат имот од страна на други. Многу работа има Јавното обвинителство, и тоа само по ова јавно дадено интервју, а да се запрашаме уште колку има други, јавно не изнесени, информации за тоа како е крадена, пљачкосувана нашата Македонија. Пљачкосувана дури и од оние кои нели како „херои“ и „патриоти“ ја бранат од „клетите душмани“ во сите лица и од сите провиниенции. Секако, за се ни сѐ „виновни“ нашите партнери од НАТО и ЕУ, но никако не се виновни арамиите кои ги имаме во сите политички структури во Македонија, а ете за наша жал и во ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега драги мои сопартијци Ви станува јасно зошто ние од Фракцијата инсистираме на Статутарни промени во партијата преку кои ќе се поминува филтерот на членството, на чесноста, на посветеноста кон идеалите на ВМРО и Македонија, на знаењето и способноста и посебно на одговорноста пред членовите кои ги избрале функционерите на сите нивоа. Филтри кои клиентелистите и полтроните на Мицкоски, на чело со него, неможат да ги поминат. Оттука, ќе кажам дека најголемото мнозинство членови во ВМРО-ДПМНЕ не се будала да поддржува лажлива лукративна политикантска номенклатура во партијата. Мицкоски и неговото раководство се наоѓаат во континуирана лага и измама кон сопственото членство и не сакаат да го турнат од власт криминалното и неспособно СДС. Тие само му купуваат време на Ковачевски да се консолидира за претстојните редовни избори за да останат на власт и тоа многу успешно го прават со разни измами на членството, истовремено ослабнувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ организациски, кадровски и морално.

Туку, да заклучиме јасно и недвосмислено.

Ти Мицкоски нема да ги дочекаш редовните избори и престани да ги лажеш моите сопартијци. Ти имаш задача да ја завршиш работата околу уставните измени и да си заминеш. Стори го тоа и исчезни засекогаш од јавноста. Тоа што ги замајуваш членовите на ВМРО-ДПМНЕ и македонските граѓани дека се бориш против оваа криминална и неспособна власт, го правиш само и само на криминалното и неспособно СДС да му овозможиш да остане на власт и по изборите 2024 година, ослабнувајќи го ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го спроведуваш исклучиво со и преку твоите клиентелисти и полтрони создавајќи и практикувајќи неконзистентни политики кои се само на штета на партијата и Македонија. Затоа, заврши си ја задачата побрзо и оди си срамно, а ние да си се зафатиме со демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ за да победиме и формираме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ на следните редовни избори 2024 година. Едноставно, не ни го троши времето ниту нам, а уште повеќе на Македонија со твоите лаги.

На денот на Св.Климент епископ Анкириски

(неделата на Митарот и Фарисејот – првата подготвителна недела за Великиот пост)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

П.С.Да бидеме свесни за состојбата во партијата и нејзините слабости, подгтовени да се преумиме и да ја воздигнеме ВМРО-ДПМНЕ, како што Митарот (Цариникот – Даночникот) е свесен за својата гревовност и е подготвен на покајание заради воздигнување на неговата душа кон Бога, а не како Фарисејот (Мицкоски) да се возгордееме затоа што е на чело на ВМРО-ДПМНЕ не по своја заслуга и од висина и со понижување гледа на оние (членовите) од кои всушност зависи и треба да очекува победа на партијата, самозадоволен што не е како нас обичните членови со срце посветени на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…

БОМБА НА БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Идејата за Бугари…

Одлуката на американското Министерство за финансии да…