Полицијата спаси жена што се фрли во Вардар
Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. „Војвода Васил Чакаларов“ има женско лице, известува МВР.
Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на помош, се вели во известувањето на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…