Полска бара воени репарации од Германија за Втората светска војна! Слично барање ќе ѝ биде упатено и на Русија?
Полските власти најдоа начин да обезбедат дополнителни финансиски средства за секојдневниот живот во овие економски тешки времиња предизвикани, меѓу другото, и од војната во Украина. Тие побараа од Германија да им плати воени репарации од Втората светска војна. Сумата не е мала, вкупно околу 1,3 трилиони евра. Како што наведуваат, слично барање би можело да биде проследено и до Русија, иако во многу помал обем.
Збигњев Рау, министерот за надворешни работи на Полска, неодамна испрати официјална нота до Берлин со барање за исплата на штетите предизвикани на неговата земја за време на германската окупација од 1939-1945 година. Како што наведе, со ова барање треба да се решат прашањата поврзани со уништените уметнички дела, архиви и банкарски депозити.
„Берлин со сите средства треба да ги запознае граѓаните на Германија со вистинската слика на Втората светска војна и со разорните ефекти што таа ги имаше врз Полска“, рече тој, додавајќи дека исплатата на репарации само ќе придонесе за пријателските односи меѓу двете земји.
Да потсетиме дека репарациите се компензација за штета предизвикана од војна и други непријателски дејствија. Со мировните договори по завршувањето на Првата и Втората светска војна, поразените држави беа обврзани да им ја надоместат штетата на земјите победници од борбеното уништување. Пари, стоки, индустриски постројки или предмети. Тоа е официјалното толкување.
Меѓутоа, проблемот е што штетата направена на „победникот“ во време на модерни војни, како што се споменатите две од минатиот век, е далеку помала од штетата направена на „губитникот“, кој едноставно не можел да надомести за таа штета. Конкретно, уништената Полска не можеше да очекува исплата на репарации од исто толку уништената Германија. Така беше. На крајот, поради новата конфигурација на Европа, приказната за репарации отиде во втор план. Полјаците сепак не ја заборавија, објаснуваат од Полска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…
Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…
Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…
Германската крајна десница АфД убедливо победи во…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…