Пошта пред колапс, касни со плата, работниците загрижени за егзистенцијата на нивните семејства
,,После триесет и појќе години работа во пошта, дојдовме да неможиме да си ги прехраниме фамилиите, да неможиме да платиме сметки, неможиме кредитине да ги плајќаме и тоа зато што немат плата речиси два месеца, директорине и синдикатине велат немало пари ама да сме трпеле ќе имало плата, а не ни кажуваат кога.
Во оваа криза немало пари за плата, ами имат пари приватно да терат службени коли, да си зимаат дневници, да ја полнат администрацијата со партиски полтрони уште и има шо неидат на работа, па ние пред пензија ќе работиме и за нив.. ај шо со години работиме во никакви услови немаме средства за работa сега дочекавме да немаме пари леб да им однесем на нашите чеда, со години недомаќинско работење ја доведова пошта до пропаст !! како да си ги прераниме нашите 2000 фамили во оваа криза, ќе останиме на улица пред пензија.
Велат фирмата била во голема криза , платата касни уште малку два месеци и не се знаело кога ќе земиме , ама да не сме се секирале . ќе се сме земеле ?
Па ги прашувме директорине како да трпиме и како да однесиме пари за леб дома ? кој ќе ни ги плаќа сметките и каматине од кредитине шо касниме со плаќајне ?
Шо ќе биди со пошта и нашите работни места , како мислат понатаму да даваат плата кога немало пари ?
Ако сме биле државна фирма каде е владана да поможи ?
Оние синдикалцине пи прашваме шо ќутат!!! ? нема плата шо ќе прават да не заштитат ?
Жалосно после 35 години стаж да гледаме како ни пропаѓат поштата и да се плашиме за нашата иднина
Со ова писмо ние група работници од сите градови во пошта со појќе од 30 години работа во пошта сакаме да го искажиме нашиот револт и лутина за тоа до каде со години неспособните раководства ни ја донесова пошта и ќе не остават на улица 2000 и појќе фамили без леб.
Апел до сите колеги !!! не смејме да им дозволиме да пропадни пошта, сите да се организираме и да си ја спасиме нашата фирма и зачувзме лебот за нашите фамилии.”
– Од загрижени работници кои си ја сакаaт работата и поштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…