Приведени разбојници во Велес
Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.
Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.
– По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…