Приведен струмичанец поради прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама

t


На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило – комбе „мерцедес спринтер” со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација.
Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б  – „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама” и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…

Уапсен е еден од најбараните бегалци во…

Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…

Предложен е притвор за заменик-директорот на Царина,…

Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител…

(Видео) „Снимам, не правам ништо лошо“ –…

Новинарката Гергана Петрова е уапсена за време…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…