Ременски децидна: Лажните дојави за бомби низ училишта се тероризам

t

Ова што го гледавме изминатите денови со дојавите за бомби, полицијата не може да ги третира како лажни бидејќи мора да се провери за да се провери за да се отстрани секој сомнеж. Една од целите да се постигне стравот и паниката кај населението и тоа е исполнување на кривичното дело – тероризам, особено упатување на пораките преку електронска пошта, вели универзитетската професорка Фросина Ременски за лажните дојави за бомби во неколку средни училишта во Скопје.

Според неа, се оди на емоционална точка во која што секој родител е загрижен за своето дете.

-Целта е дефинитивно дефокус од одредени прашања кои што во моментов бараат соодветно внимание. Можно е да се искористат и за делување на криминални структури заради дефокусот на безбедносните структури во расчистување на овие ситуации. Јас не би се радувала на ова често дојавување и потврдување на лажноста на овие дојави затоа што во јавноста ќе се создаде чувство на неверување, на примање на овие информации како повторно лажно, рече Ременски во емисијата „24 отворено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тринаесетгодишник испратил 380 лажни закани за бомби…

Француските агенции за спроведување на законот во…

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Дојави за бомби во повеќе белградски училишта

Во неколку белградски училишта денеска повторно пристигнале…

Закани за поставени бомби на повеќе локации…

Операторот на возот на берлинската железница во…

Повторно дојави за бомби во Србија!

На повеќе од 10 локации во Крагуевац…