Руската амбасада му одговори на Османи: Ние не сакаме конфликт помеѓу Македонија и Бугарија

t

Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија г-дин Б.Османи во интервју за Радио Слободна Европа на 29 јануари дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Македонија и Бугарија, е Руската Федерација.

Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во Босна и Херцеговина и во српската автономна покраина Косово и Метохија, не може да се прецени. Секогаш постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Заинтересирани сме за просперитет и мирен соживот на сите земји од регионот без исклучок, со чии народи имаме вековни пријателски врски.

Апсолутно никаков темел немаат ниту обвинувањата што се шират во низа медиуми за наводно „мешање“ на Русија во внатрешните работи на Македонија и нејзините односи со другите земји, а тоа им е добро познато на сите непристрасни набљудувачи и експерти.

Ги повикуваме медиумите во Македонија на одговорен и професионален пристап при објавување вести и аналитички материјали за Русија и принципите на нејзината надворешна политика, кои отворено ги декларираме – интеракција заснована на рамноправност, меѓусебно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси.

Сооштение на руската амбасада во Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…

Француски војници со месеци во Украина во…

Мали групи француски војници веќе неколку месеци…

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…

САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…

Американските власти ги повикаа своите граѓани во…