Објавено на:

Самсунспор одново чукна кај Трабзон за заем на Барди, ама тешко да го добие!

t

Турски Самсунспор кој пред неполн месец беше одбиен од Трабзон за македонскиот репрезентативец Енис Барди, повторно тргна во обид да го ангажира фудбалерот за врска, иако според најавите од Турција – тешко дека ќе успее во намерата.

Овој турски клуб беше меѓу низата клубови што пред неполн месец се поврзуваа со можен трансфер на Барди, но Самсун нема пари да го откупи македонскиот репрезентативец, туку го бара на заем, а Трабзон од Барди исклучиво може да се раздели само ако некој ја плати отштетата за трансфер, за која се шпекулира дека е меѓу три и четири милиони евра.

„Трабзон не е заинтересиран за да го изнајмува Барди, а ни Барди не сака да си замине“, пишува Самсунхабер.

Самсунспор бара фудбалер на позиција десет и Барди им е главна желба, но освен со откуп, поинаку тешко може да го добијат

Барди на заем за оваа сезона со опција за откуп го бараа и Торино и Валенсија.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…