СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоск

t

Додека трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, Мицкоски вели нема пари за поголеми плати за работниците. Иако им ветуваше поголеми плати пред изборите сега создава алиби дека нема да го исполни ветувањето, велат од СДСМ.

„Кога треба да се покачи минималната плата за работниците Владата на Мицкоски нема пари. Само кога треба тој, Мицкоски и неговите министри да патуваат тогаш има пари и за луксузирања, и за скапи карти од 20.000 евра, и за бизнис класи, за бројни делегации…

Не е дека нема пари, има пари доволно, прашањето е на приоритети. ВМРО-ДПМНЕ го потценува трудот на работниците и ги смета за евтина работна сила. Затоа со оваа власт нема да има поголеми плати“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…

Француски војници со месеци во Украина во…

Мали групи француски војници веќе неколку месеци…

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…

САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…

Американските власти ги повикаа своите граѓани во…

(Видео) Како татко, како брат и сопруг…

Ова мое денешно обраќање требаше да биде…