Се чекаат извештаи за случајот со повреденото дете од Струмица
Министсрката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која денеска беше во посета на детските градинки „Димче Мирчев“ во Велес на отворање на светлосна сензорна соба, одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот со четиригодишното повредено дете од Струмица, појасни дека ги чекаат извештаите од надлежните институции за да може МТСП да преземе дополнителни чекори.
-Го чекаме извештајот од Јавното обвинителство за да може да видиме од каде доаѓаат повредите, секако и извештаите од институциите од областа на здравството за да може да превземеме дополните чекори. Инаку, како МТСП преку Центарот за социјална работа од Струмица и Центарот за социјална работа во Скопје веднаш се преземаат конкретни чекори за останатите дечиња коишто се братчиња и сестричиња на детенцето кое се наоѓа во болница со неговата мајка. Верувам дека ќе се подобри состојбата и дека детето ќе излезе од болницата и никогаш повеќе нема да се повторат такв дејствија врз едно мало дете, потенцира министерката Тренчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…