Снопче: Албанскиот јазик е најстар во Европа, треба да ви биде чест да биде службен јазик!

t

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче вели дека Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик да биде службен јазик, бидејќи, според него, за секоја европска држава ќе биде чест албанскиот јазик да биде службен јазик. Зборувајќи на денешната седница за уставните измени, Снопче кажа дека албанскиот јазик е најстар јазик во Европа, стар 6.000 години. Македонците да покажат волја, посебно затоа што барањата на Бугарите и Грците дојдоа однадвор, а барањето на Албанците доаѓа одвнатре.

-Нашите сограѓани Македонци не треба да го сфаќаат како некој притисок, туку како параметар кој ги подобрува соживотот и коегзистенцијата. Според некои последни анализи, научни, од етнографи и етнолози, објaвени пред неколку месеци, албанскиотјазик е еден од најуникатните и најстарите јазици во Европа. 6.000 години стар јазик, ќе биде чест за секој европска државаалбанскиот јазик да биде службен јазик. Ова е богатство за македонската држава, не само за Албанците. Како најстар јазик во Европа, 6.000 години, Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик“ – рече Снопче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…