Средба Џафери – Гир: Се разговараш за уставните измени

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили и координаторите на пратеничките групи застапени во Собранието, Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми и Сурија Рашиди одржаа работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Собранието, парламентарниот дијалог, работата на ЕУ агендата и динамиката на усвојувањето на законите, вклучувањето на Собранието во скрининг процесот и напредокот на Дијалогот Жан Моне, а соговорниците се осврнаа и на уставните измени.

Заеднички беше оценето дека, градењето доверба и добрата соработка меѓу партиите во Собранието не е важна само за успешна реализација на реформите врзани со евроинтеграцијата, туку дека и оваа соработка е важна бидејќи ја обликува политичката култура во земјата.

Беше договорено вакви средби да се одржуваат на редовна основа, со цел да се разгледа одблиску напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…

Француски војници со месеци во Украина во…

Мали групи француски војници веќе неколку месеци…

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…

САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…

Американските власти ги повикаа своите граѓани во…

(Видео) Како татко, како брат и сопруг…

Ова мое денешно обраќање требаше да биде…