ССМ: На 2 април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

t

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот. Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“.

Како што информира денеска ССМ, јавната седница е по одлука на Претседателството на ССМ од 28 март годинава со цел да се изрази јавното мислење поради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање.

– Пратениците во Собранието избрани од работниците да го предложат и гласаат предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и зголемување на сите останати плати во приватниот сектор со зголемувањето на минималната плата. Да не гласаат Закони со кои се намалуваат работничките права на штета на работниците, онака сложно како што не гласаат Закони за намалување на нивните привилегии, се вели во соопштението.

Според ССМ, газдите од Стопанската комора да ја прифатат подадената рака на работниците за зголемување на платите со цел задржување на квалификуваните работници во земјава поради тоа што, како што наведуваат, најмалку 15.000 работници и граѓани ја напуштаат Македонија секоја година, па доколку не се зголемат платите, тие ќе бидат главниот виновник за егзодус на работниците од Македонија.

– Владата да застане на страна на работниците, да престане да одлучува еднострано на штета на работниците, да го почитува социјалниот дијалог и да ги запре нападите кон синдикатите и обидите да се замолчат работниците. Владата како најголем работодавач, да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, гранските колективни договори, колективните договори на ниво на работодавач, како и да ги усогласи со минималната плата согласно посебните закони, стои во соопштението од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…