Студентски отпор: Ако се покачи партиципацијата за студирање излегуваме на протест!

t

Од Студентски отпор најавуваат протести, бидејќи, според нивните најнови информации надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.

Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија.

Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.

Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!, велат од Студентски отпор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…