Таравари си го знае “пријателот”: И Мицкоски и Ковачевски ќе бидат дел од историскиот момент за внесување на албанскиот јазик во Уставот!

t

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Македонија.

Претседателот Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари.

Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски.

„Особено г. Ковачески и г. Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…