Тачи: Мицкоски несвесно влезе во процесот на уставни измени
Пратеникот и лидер на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во емисијата „Клан Дебат“ на ТВ Клан М, зборувајќи за лидерската средба на парламентарните партии изјави дека Мицкоски веќе станал дел од процесот за уставни измени и покрај тоа што е против.
– Лидерот на македонската опозиција не бил свесен што се случува. Тој стана дел од процесот, без оглед на неговите ставови и неговата партија кои се против тоа. Денеска стана дел од уставните измени. Вие во демократијата секогаш можете да бидете против, но мора да бидете дел од процесот. Ова е фундаменталното значење на демократијата, истакна Тачи.
Тачи оценува дека во овој период од околу пет месеци се очекува да се обезбедат потребните бројки за гласање на уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…