Три жени избодени во метро во Париз, осомничениот уапсен
Три жени се повредени откако маж вооружен со нож синоќа ги нападнал на линија 3 од париското метро.
Според неколку полициски извори, мажот извадил нож и избодел три жени на различни станици на оваа линија.
Нападите се случиле помеѓу 16:15 и 16:45 часот, соопшти полицијата. Жртвите брзо биле згрижени од париските пожарникари.
Полициски извор изјавил дека трите жени претрпеле полесни повреди, две од нив на грбот и бутовите.
Осомничениот потоа избегал на линија 8 од метрото пред да биде уапсен во својот дом во Сарсел (Вал д’Оаз).
Се верува дека мажот е од малиско потекло и е роден во 2000 година, според полициски извор. Можноста за тероризам е исклучена, а полицијата претпоставува дека станува збор за дело на ментално нестабилно лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Полицијата забрани демонстрации во одредени делови на…
Париската полициска префектура донесе наредба со која…
„Ми го уништија животот за неколку часа“:…
Хасан се сеќава како се расплакал откако…
(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…
Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…