УЖАС ВО ФРАНЦИЈА: Пронајдени тела на мајка и четири мали деца, полицијата трага по таткото
Во тек е истрага на надлежните власти во Париз откако безживотни тела на пет лица, од кои четири деца, биле пронајдени во стан во предградие североисточно од главниот град на Франција, пренесе „Би-би-си“.
Жртвите, како што се наведува, се жена и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години, соопштило обвинителството.
Нивните тела биле пронајдени доцна синоќа, во градот Му, оддалечен 40 километри од француската престолнина.
Полицијата трага по 33-годишниот татко, кој се претпоставува дека е во бегство. Полицијата била алармирана од роднини на жртвите откако не успеале да стапат во контакт со семејството.
Обвинителот Жан Батист Бладие за француските медиуми потврдил дека во тек е истрага на судската полициска служба на Версај.
Според обвинителот, во станот немало знаци од насилно влегување, а таткото на децата не бил присутен внатре.
Инаку, како што пишува „Би-би-си“, во регионот на Париз неодамна е забележана серија случаи на чедоморство.
Кон крајот на ноември 41-годишен маж признал дека ги убил своите три ќерки, на возраст од четири, 10 и 11 години и се предал. Полицијата ги пронашла мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на главниот град
Во октомври полицаец ги убил своите три ќерки пред да се убие во својот дом во Вемарс во Вал-Д’Оаз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…